Хан: Србија може да смета на ЕУ затоа што сме во ист чамец

Од:

Србија може да смета на Европската Унија затоа што сме во ист чамец и треба да работиме заедно, изјави денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Белград, пренесе Танјуг.

На прес конференција, по потпишувањето на договор за 80 милиони евра неповратна помош од ЕУ за реформа на српската јавна администрација, Хан кажа дека Србија нема друг пат освен патот кон ЕУ, и во поддршка на овој факт подвлече дека две третини од српските надворешнотрговски договори се токму со земјите од ЕУ.

Еврокомесарот потсети дека од 2007 година ЕУ на Србија и додели две милијарди евра неповратна помош и дека веќе можат да се видат првите конкретни резултати, пред се, во привлекување странски инвестиции и отворање нови работни места.

Хан соопшти дека денеска ќе има средба со претставници на академската заедница во Србија и дека ЕУ со околу 27 милиони евра ќе помогне во модернизација на високото образование, со цел да се ограничи одлевањето мозоци од земјата.

Српскиот премиер Александар Вучиќ, од своја страна, се заблагодари за помошта од ЕУ и изјави дека „Србија смета на ЕУ, но и ЕУ може да смета на Србија“.

Вучиќ вети дека средствата од ЕУ ќе бидат искористени на најдобриот можен начин.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија