Хан го најави објавувањето на извештаите на ЕК: Ќе бидеме многу јасни во проценката

Од:

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на својот твитер профил најави дека наскоро ќе бидат објавени извештаите на Европската комисија за напредок и европска интеграција на земјите кои претендираат за членство во Европската унија. Хан во својот коментар најави и поконкретни забелешки.

„Нашите извештаи за проширување, кои ќе бидат објавени наскоро, ќе и дозволат на јавноста, граѓанското општество и медиумите да го следат напредокот и потребните акции. Ќе бидеме многу јасни во нашата проценка”, напиша Хан.

Објавувањето на извештаите неколку пати се одложи, а како причина се наведени случувањата во Турција, пред се третманот на турските власти кон бегалската криза. Европската комисија ја критикува Турција поради авторитарното владеење на Ердоган, па се очекува оваа земја годинава да добие поостри критики.

Според дел од медиумите во регионот, извештаите оваа година ќе се однесуваат во поголема мера на бегалската криза и начинот на кој владите се справуваат со неа, а помалку на самото прашање за проширување на Европската унија.

Неизвесно ќе биде до последен момент дали Македонија ќе добие уште една препорака за почеток на преговори, затоа што не беше испочитуван договорот од Пржино со кој требаше да се надмине политичката криза во земјава.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки