Хакери од Иран објавија податоци за 105 илјади осомничени Албанци

Од:

Групата хакери финансирана од Иран за кибер-напади врз Албанија, продолжува да објавува чувствителни податоци добиени од погодените системи.

Групата „Татковинска правда“ денеска објави податоци од полицискиот систем МЕМЕКС во кој се наоѓа списокот на лица осомничени дека се вмешани во криминални активности.

Во досиејата што ги објави се имињата на 105 илјади Албанци кои имаат проблеми со правдата, додека на крајот на секоја страница од секој документ пишува „осомничени Албанци“.

МЕМЕКС е познат и к ако систем за управување со криминални информации и е главната алатка во работата на државната полиција. МЕМЕКС води тајна евиденција за секој криминалец.

Претходно ирански хакери објавија неколку видеа и фотографии од полицискиот систем на камери во Тирана, Пешкопеја, меѓународниот аеродром како и од граничните премини.

Објавените видеа беа придружени со пораката: „Кога безбедноста на терористите во Драч (МЕК) е поважна од безбедноста на вашиот народ“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иран со нова балистичка ракета им се заканува на американските бази

Аракчи: Иран има право да поседува нуклеарно гориво

Израел: Договорот со Иран мора да вклучува уништување на нуклеарната инфраструктура

Иран: Спречен еден од најголемите сајбер напади врз иранската инфраструктура

(ВИДЕО) Експлодирало воено гориво, 25 мртви и 800 повредени, објавени детали

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Објавена снимка од самиот почеток на огромна експлозија во иранско пристаниште

Предраг Петровиќ