Аракчи: Иран има право да поседува нуклеарно гориво

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека земјата има право да поседува целосен циклус на нуклеарно гориво, наведувајќи го долгогодишното членство на Техеран во Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT).

„Постојат неколку членки на Договорот за НПТ кои збогатуваат ураниум, а воедно целосно го отфрлаат нуклеарното оружје“, рече Аракчи во објава на мрежата X.

Според НПТ, земјите-потписнички се должни да ги декларираат нуклеарните залихи и да ги стават под надзор на нуклеарниот надзорник на ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Би можело да ве интересира

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД