Хакери го нападнале државниот систем на Србија

Од:

Петмина српски хакери извршиле упад во државниот систем и ги украле како што тврдат речиси сите единствени матични броеви на граѓаните на Србија, пишува српски „Блиц“.

– Ја имаме во раце цела Србија, сите податоци за српските граѓани, од единствениот матичен број, до тоа што работат, каде живеат, броевите на телефони- пишува во пораката која пристигнала во редакцијата на „Блиц“.

Како доказ испратиле и податоци на граѓаните од Нов Белград, Вождовац, Нови Сад, Јагодина, а во пораката ги изнеле и своите намери.

-Од некои причини ги обавуваме и покажуваме во јавност овие податоци. Прво што нашата кибер полиција ги гони исклучиво српските хакери, а ги игнорира албанските – се наведува во пораката.

Според нив втора причина е што народот мора да види колку е загрозена приватноста во државата и дека со помош на овие податоци може да се добијат апсолутно сите информации за нив.

Трета причина е што сакаат државата да сфати дека системот е слабо заштитен и дека мора да посветат повеќе внимание на тоа- пишуваат хакерите, кои наведуваат дека се постари од 19 години.

Како што пренесе „Танјуг“ во Министерството за внатрешни работи на Србија тврдат дека украдените бази на податоци не се нивни, но додаваат дека го истражуваат случајот и проверуваат дали на мета биле бази на некои други државни институции.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија