Хаг: Потврдено здруженото хрватско злосторничко дејствување во Херцег-Босна

Од:

Денеска Хашкиот трибунал изрече правосилна пресуда во процесот против поранешните политички и воени лидери на самопрогласената Херцег-Босна: Јадранко Прлиќ, Бруно Стоиќ, Слободан Праљак, Миливој Петковиќ, Валентин Ќориќ и Берислав Пушиќ.

При читањето на пресудата дојде до инцидент, кога Слободан Праљак кажа дека тој не е воен злосторник по што испи нешто од мало шишенце, за што рече дека е отров. После инцидентот беше прекинувато изрекувањето на пресудата, а на Праљак му беше изречена казна затвор од 20 години.

Дваесет години затвор доби и Бруно Стоиќ, кој што за време на војната бил началник на Одделот за одбрана и задолжен за шовеќе единици на вооружените сили на Херцег-Босна.

Жалбениот совет на Хаг утврди дека постоел меѓународен вооружен судир во БиХ и состојба на окупација, а потврди и постоење на здружено хрватско злосторничко дејствување со цел етнико чистење во делови на БиХ.

Со мнозинство гласови, без разлика на спротивставеното мислење на претседавачот на судот Жан Клод Антонети, Советот заклучи дека конфликтот меѓу ХВО и Армијата на БиХ во 1993 година и 1994 година претставувал меѓународен судир со вмешаност на Хрватска и дека повеќето злосторства врз муслиманското население во Херцег-Босна, за кои се товареа обвинетите, се извршени во рамки на здружено злосторничко дејствување во кое учествувале и дел од политичкиот и воениот врв на Република Хрватска, вклчувајќи го и тогашниот претседател Фрањо Туѓман.

Казна од 25 години затвор доби Јадранко Прлиќ, некогашен лидер на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО) и претседател на самопрогласената република Херцег-Босна.

Обвинетите отфрлаат дека конечната цел, за хрватскиот претседател Фрањо Туѓман и другите лидери, било создавање посебен ентитет и обединување на Хрватите, но нивните аргументи се отфрлени.

Прлиќ е одговорен за 26 одвоени инциденти, Сојиќ за 30, Праљак за 32, Петковиќ за 18, Ќориќ за 31 и Пушиќ е одговорен за 35 инциденти.

Жалбениот совет треба да ги доизрече пресудите и за замник командантот на ХВО, Миливој Петковиќ, кој со првичната пресуда е осуден на 20 години затвор, а пресуди чекаат и Валетин Ќориќ (16 години затвор) и Бранислав Пушиќ (10 години затвор).

Претходно, судот во Хаг ги ослободи обвинетите во случајот „Прлиќ“ за злосторства врз цивили во Мостар.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра