Група луѓе ги зазела просториите на Сириза на Крит

Од:

Група луѓе денеска ги зазеле просториите на партијата Сириза во Ханија, на островот Крит, барајќи укинување на строго чуваните затвори и изразувајќи поддршка за затворениците кои почнале штрајк со глад.

Тие, исто така, поставиле транспарент на кој напишале: „Солидарност со штрајкувачите со глад“.

Во меѓувреме, анархистичка група утринава го зазела Правниот факултет во центарот на Атина, барајќи ослободување на осудениот терорист Савас Хирос, укинување на затворот со максимална безбедност и законот против тероризмот, јави АНА МПА.

Според сведочење на очевидци, околу 20 лица утринава околу 8 часот ја зазеле зградата и на луѓето кои биле во неа им наредиле да си заминат. 

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Едно лице повредено, наредена евакуација на четири населени места на Крит поради пожар