Грубјешиќ: Датумот е можност за Србија

Од:

Потпретседателката на владата на Србија, за европски интеграции, Сузана Грубјешиќ изјави дека добивањето датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, го гледа како можност Србија да стане модерна, европска држава.

Таа истакна дека српската влада во претходните десет месеци покрена многу нешта, пред се во поглед на нормализација на односите со Приштина, што беше услов за да продолжи процесот на интеграции со ЕУ.

На прашањето дали недобивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ ќе има негативни последици на внатрешен план во Србија, Грубјешиќ оцени дека ентузијазмот поврзан со реформите, може да се намали.

-Не постои причина поради која Србија нема да добие награда-изјави таа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски