Грлиќ Радман: НАТО посилно да се ангажира во Западен Балкан

Од:

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман синоќа пред неформалниот состанок на НАТО во Берлин истакна дека Алијансата треба посилно да се ангажира во Западен Балкан.

– Ќе ја нагласам потребата од посилен ангажман на НАТО во Југоисточна Европа и Западен Балкан кога станува збор за демократијата и сите други реформски процеси во тие земји, со цел да се охрабрат земјите во нивните напори да влезат во НАТО, истакна Грлиќ Радман.

Тој се осврна на кризата во Босна и Херцеговина и потребата од промена на изборниот закон, што треба „да го одрази усвојувањето на тие важни измени кои ќе ја регулираат еднаквоста на трите конститутивни народи во согласност со Дејтонскиот и Парискиот договор“.

– Само институционално функционална Босна и Херцеговина заснована на овие основи на еднаквост на трите конститутивни народи и другите граѓани може да биде просперитетна и може да постигне европска перспектива и членство во НАТО, посочи Грлиќ Радман.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир