Грција се надева дека ќе ги прими израелските туристи по 1 август

Од:

Билатералните односи, зајакнување и проширување на соработката, гасоводот EastMed, ситуацијата во поширокиот регион, но и туризмот, беа темите за кои денеска разговараа премиерите на Израел и Грција, Бенјамин Нетанјаху и Кирјакос Мицотакис на средба во Ерусалим, јави дописничката на МИА од Атина.

Двајцата премиери истакнаа дека целта е од 1 август, туристите од Израел да можат да патуваат во Грција.

Нетанјаху истакна дека доколку ситуацијата со Ковид-19 е под контрола и доколку бројките го дозволуваат тоа, 1 август би бил датумот за отворање на туризмот.

„Имаме многу области за потенцијална соработка, но една област е едноставна и се вика туризам. Минатата година имавме неверојатни 1,2 милиона израелски туристи во Грција. Кога првпат се сретнав со еден од вашите претходници, бројката мислам дека беше околу 50.000,“ рече изралескиот премиер.

Мицотакис објасни дека главниот приоритет на Грција е здравјето и безбедноста на туристите, за што земјата интензивно работела.

„Од 1 јули ќе примаме директни летови кон сите наши главни туристички дестинации. Исто така, се надеваме, ако сѐ оди според планираното, од 1 август ќе ни биде драго да ги пречекаме израелските туристи во Грција. Веројатно ќе можеме да ја продолжиме туристичката сезона до октомври, зошто не и до ноември, за да можеме да го надоместиме загубеното,“ рече грчкиот премиер по средбата.

Тој се осврна и на активностите на Турција во Источниот Медитеран, истакнувајќи дека тоа претставува закана за стабилноста во регионот.

Нетанјаху говореше за можностите за соработка за „гарантирање на  безбедноста стабилност и просперитетот на регионот“, истакнувајќи дека „просперитетот може да се гарантира само ако ги гарантираме стабилноста и безбедноста“.

Мицотакис замина во Израел со осум министри од неговата Влада, а по средбата  беа потпишани и три билатерални договори. Ова е прво патување во странство за грчкиот премиер по започнувањето на пандемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски