Грција бара помош од ОН, НАТО и Борел: Турција се однесува агресивно кон нас

Од:

Писма во кои се цитирани изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а грчката страна ги карактеризира како провокативни, испрати Грција до НАТО, ОН и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел и бара осуда на конкретните ставови на Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

Писмата, кои ги објавија грчките медиуми се до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и до шефот на европската дипломатија потпишани од министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, а писмото до ОН е испратено од постојаниот претставник на Грција во ОН, амбасадорката Мариа Теофили.

-(Грција), вашата окупација на островите не нè загрижува. Кога ќе дојде време, ќе го сториме она што е неопходно. Како што велиме, одеднаш, можеме да дојдеме преку ноќ, е една од изјавите на турскиот претседател цитирана во трите писма.

Атина смета дека изјавите на Ердоган се „неиспровоцирани, неприфатливи и навреда за Грција и грчкиот народ“, а „отворено заканувачката природа и тонот на изјавите е повеќе од очигледна“.

Додаваат дека билатералните односи моментално се во најлош период, но не по вина на Грција.

-Вистината е дека Грција се соочува со агресивно однесување на Турција, изразено и во теорија и во пракса, што е тешко да се најде во кој било друг случај на билатерални односи, пишува во писмата.

Од грчкото МНР во саботата соопштија дека Грција нема да ја следи тактиката на Турција, најавија дека ќе бидат информирани „сојузниците и партнерите за содржината на провокативните изјави од последните неколку дена, за да биде јасно кој ја поткопува кохезијата на алијансата во особено опасен период“ и истакнаа дека ќе продолжат да функционираат „врз основа на правилата на меѓународното право и правото на морето, како столб на стабилноста и безбедноста за поширокиот регион“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Ројтерс: НАТО нема да го исполни предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана