Грчкиот заменик министер за финансии поднесе оставка

Од:

Грчкиот заменик министер за финансии Надиа Валавани го информираше премиерот Алексис Ципрас дека поднесува оставка од функцијата.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкото Министерство за финансии денеска во соопштение информира дека писмото со оставка било испратено на 13 јули и ја објави целата содржина.

Валавани, меѓу другото, вели дека ја поддржала преговарачката група во петокот, бидејќи била сигурна дека нема да има договор.

– Јас се уште верувам дека нема да има договор. Дека тактиката на одредени кругови во Германија е целосно понижување на Владата и на земјата, вели Валавани во писмото и му се заблагодарува на премиерот што и дал можност „да им служи на напорите за ослободување“.

– Сакам да верувам дека борбата продолжува, заклучува таа.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов