Грчкиот министер за одбрана предлага изградба на нова база на НАТО во Егејското Море

Од:

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос денеска изјави дека за време на неговата престојна посета на САД планира да предложи создавање на нова воздухопловна база на НАТО во Егејското Море, објави весникот „Катимерини“.

Во обраќање на конференцијата во Атина, организирана од списанието „Економист“, Каменос го спомена истражувањето на Министерстото, кое се однесува на базата „Суда“ на островот Крит и на потребите на НАТО, но не откри повеќе детали за тоа на кој остров би била новата база.

Нагласувајќи дека турските ловци го нарушиле грчкиот воздушен простор за време на неодамнешната посета на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на Турција, Каменос истакна дека НАТО треба да биде свесен за однесувањето на Анкара.

– Присуството на силите на НАТО и предложената база би и помогнале на Алијансата да добие целосна слика за однесувањето на Турција во регионот, додаде тој.

Во врска со преговорите на Атина со меѓународните кредитори, Каменос изјави дека Грција нема да има друг избор, освен да се обрати кон други извори на финансирање, доколку кредиторите инсистираат на „задушување“ на земјата преку ограничување на ликвидноста.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Грција воведува шестдневна работна недела