Грчката црква нуди помош за собирање финансии за исплаќање на државниот долг

Од:

Грчкиот архиепископ Јероним изјави дека црквата е подготвена да ги понуди своите имоти за работење, со цел да помогне во собирање средства за исплаќање на државниот долг.

Православната црква е влијателна институција во Грција и поседува многу земјиште и недвижен имот, вклучувајќи и во главниот град Атина.

– Дојдете да работиме за Грција. Ако државата има потреба од соработка, ние сме тука, изјави архиепископот Јероним во интервју за националната телевизија по повод Велигден.

На прашањето дали црквата ќе се согласи да ја продава сопственоста, архиепископот одговори дека не планира продажба, туку заедничка дејност со државата, која ќе може да користи дел од приходите за исплаќање на долгот. Тој нагласи дека земјиштето ќе остане во „грчки раце“, без да потврди за каков точно бизнис станува збор.

Не е познато колку точно имот поседува Грчката православна црква, бидејќи нејзината структура е децентрализирана, а Грција нема централен катастар.

Поголем дел од грчките граѓани сметаат дека Црквата поседува премногу имоти, плаќа многу мали даноци и не придонела за излез на земјата од кризата.

Грција се наоѓа на работ на банкрот од почетокот на должничката криза во 2009 година, а единствен спас наоѓа само благодарение на спасувачките кредити од ЕУ и ММФ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во Грција: Многу полициски сили на терен; шест лица загинаа

Грчките студенти најавуваат нови протести од септември против укинувањето на студентскиот имунитет

Ќе издржи ли кабинетот на Ципрас да го спроведе договорот со кредиторите?

Ана Ололовска

Оштетени канцеларии на Сириза и Независни Грци во Атина

Емир Латифовиќ

Меимаракис: Денеска е ден за празнување

Емир Латифовиќ

Грчките банки од денеска почнуваат повторно со работа

Емир Латифовиќ