Грчката полиција, како што јавуваат тамошните медиуми, го уапсила А.Д. кој е осомничен дека е вмешан во убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, кој беше убиен во Атина.
Наводно е идентификувана ДНК на сопственикот на ножот, кој беше пронајден на местото на убиството на Кацурис.
Се работи за лице кое е веќе познато поради други сторени кривични дела и според овие информации има доволно докази за да се утврди казната во продолжение на истрагата.
Тој и претходно бил осудуван за учество во тепачки и други прекршоци, поради што бил во воспитно-поправен дом за малолетници и издржувал затворска казна.