Градоначалникот на Белград имал акции во ТВ Б92 кои не ги пријавил

Од:

Порталот на „Србија денес“ дознава дека градоначалнкот на Белград, Синиша Мали има сопственички удел во телевизијата Б92 и тоа 22 проценти од вкупниот капитал.

Порталот го поставува прашањето зошто градоначалникот на Белград, своето сопствеништво во телевизијата, не го пријавил во Агенцијата за борба против корупцијата на Србија.

„Се прашуваме дали и парите кои Синиша Мали ги вложил во Б92 се навистина негови или служи само параван за некој друг?. Се надеваме дека државните органи на Република Србија ќе знаат и ќе смеат да дадат одговор на овие прашања“, пишува порталот.

Сниша Мали доаѓа од Српската напредна сранка, партијата чиј претседател е премиерот на српската влада, Александар Вучиќ.

Инаку, деновиве, познатата новинарка и водителка на долгогодишната полтичка емисија „Утисак неделје“, Олја Бечковиќ ја обвини телевизијата Б92 дека по политички налог ја укинува нејзината емисија и и’ забранува да работи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани