Големо апсење во Хрватска

Од:

Апсењата на осомничени членови на злосторничко здружение на подрачјето на Загреб и Истра се во тек, соопшти полицијата, која ја спроведува операцијата по наредба на Ускок.

Како што објави Хина, неколку лица се приведени, а во тек се претреси на домови и собирање докази.

Осомничените се товарат за кривични дела поврзани со трговија со дрога, кривични дела против општата безбедност, сите во рамките на организирана криминална активност.

Ускок изјави дека по истрагата ќе одлучи за понатамошни мерки, вклучително и евентуално покренување истрага и барање за притвор.

Меѓу осомничените е и Тин Шлогар, Хрват уапсен пред две години при големата заплена на кокаин во Белгија.

Шлогар, напиша „Национал“ во тоа време, отишол во Белгија да купи половен БМВ Х5, но, во тоа време се сомневало дека бил курир кој транспортирал дел од пратката со дрога во Хрватска. Претоварени се околу 2,7 тони кокаин.

Заедно со Шлогар беа уапсени уште дваесет други лица, државјани на Белгија, Холандија, Ерменија, Латвија, Мароко и Украина.

Би можело да ве интересира

Три тела се пронајдени во куќа во Пореч

Сакале да го убијат Вучиќ и неговото семејство: Уапсени се две лица во Краљево

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Уапсени се Блажо Шарановиќ и Весна Братиќ

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он