Голема регионална акција „Глобал“ против нарко-мафијата

Од:

На територијата на БиХ и Словенија денеска започна голема полициска акција, под името „Глобал“, насочена против нарко-мафијата.

Акцијата се спроведува од девет држави – Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Чешка, Данска, Холандија и Шведска.

Операцијата е насочена против организирана група од Словенија, Црна Гора и БиХ, која врши недозволена меѓународна трговија со кокаин од територијата на Холандија и Данска кон земји од централна и источна Европа.

Истовремено, користејќи тајни канали, групата пренесува незаконски марихуана од Црна Гора преку БиХ и Словенија кон земји од Западна Европа, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Сараевски „Дневни аваз“ објави дека во рамки на акцијата се извршуваат претреси на многу места во Бања Лука и Сараево со цел да бидат уапсени осомничените членови на наркогрупата.

Би можело да ве интересира

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

Орце Костов

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

А1он

Одбележан Денот на македонската полиција

Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово

Притвор за осомничен за спречување на полициски службеници да фатат побегнат затвореник