ВИДЕО: Голем пожар, итна евакуација на Халкидики

Од:

Голема противпожарна операција е во тек во близина на Сивири на Халкидики, на полуостровот Касандра, откако околу пладне избувна пожар кој зафати ниска вегетација.

Пожарот избувна во ден кога на Халкидики е прогласен многу висок ризик од пожари, односно категорија 4.

Поради ширењето на огнот беше активиран системот за итни предупредувања 112, а Цивилната заштита нареди евакуација од поширокото подрачје на Сивири.

„Шумски пожар во вашето подрачје. Доколку се наоѓате во областа Сивири на Халкидики, евакуирајте се кон Мола Калива. Следете ги упатствата на надлежните“, се наведува во пораката испратена до граѓаните и туристите.

На терен интервенираат 110 пожарникари со три пешадиски екипи и 33 противпожарни возила.

Во операцијата учествуваат и 12 пожарникари со три возила од Молдавија, кои престојуваат во Грција во рамките на европската програма за помош.

Во гаснењето од воздух се вклучени шест авиони и два хеликоптери, а помагаат и цистерни на општина Касандра и градежна механизација.

На туристите кои престојуваат во околните места им се препорачува редовно да ги следат пораките од системот 112 и инструкциите на полицијата и пожарникарите.

Надлежните предупредуваат граѓаните и туристите да не се приближуваат до подрачјето зафатено од пожарот и без потреба да не ги користат локалните патишта во близина на интервенцијата.

Поради исклучително високиот ризик од нови пожари, за 14 август е воведена и забрана за движење на пешаци и возила во повеќе шумски подрачја на Халкидики.

Забраната опфаќа делови од Касандра и Ситонија, додека посебни ограничувања ќе важат и во општината Аристотел.

Грчката полиција ќе врши контроли на влезовите на шумските патишта, а прекршувањето на забраната ќе се казнува со 300 евра.

Регионалните власти ги повикаа жителите и туристите строго да ги почитуваат предупредувањата и наредбите за евакуација.

Би можело да ве интересира

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата

A1on

Туск обвини за саботажа: Пожарот е намерно подметнат

Активни два пожара во Македонија, а три се под контрола

Горан Наумовски

Нова опасност: Пожар од Косово „влезе“ кај Грачани, чадот стигна и до Скопје

Активни се шест пожари во Македонија