Голем број училишта во Република Српска денеска се затворени откако синоќа добиле закани за поставени бомби.
Во пораката испратена по електронска пошта се наведува „Нашата мисија е да убиеме“ и „Сите ќе умрете“.
Министерството за внатрешни работи на РС потврди дека ги истражува сите закани, а пиротехничарите вршат претрес во училиштата до кои беа испратени закани.
Голем број училишта во Сараево минатата недела беа евакуирани поради слични закани. Сите закани беа лажни, а утврдено е само дека дојавите биле упатени од рускиот интернет домен, но експертите предупредуваат дека тоа не се доволни информации за какви било конечни заклучоци.
Извор: МИА