Главни кандидати за нов градоначалник на Тирана, Велиај и Косова

Од:

На локалните избори во Албанија, закажани за 21 јуни, главната битка за нов градоначалник на Тирана ќе се води меѓу Халим Косова од Демократската партија и Ерион Велиај од владејачките социјалисти, кој е и актуелен министер за труд и социјална благосостојба.

И двете партии избраа речиси идентично време за да ги презентираат кандидатите, јавува дописникот на МИА од Тирана.

– Го финализиравме и процесот за Тирана. За тоа ќе зборуваме и подолго. Но, накусо наш кандидат за Тирана ќе биде Ерион Велиај, -изјави кусо лидерот на социјалистите и актуелен премиер Еди Рама, по средбата со социјалистичката пратеничката група во седиштето на партијата.

Халим Косова не беше претставен во седиштето на Демократската партија, туку во паркот пред Националниот музеј.

Во кус период, пред последните парламентарни избори, во владата на тогашниот премиер Сали Бериша, Халим Косова беше министер за здравство, додека повеќе години ја извршуваше функцијата директор на болницата „Кралицата Гералдина“.

Во своето обраќање Косова се заблагодари и на Демократската партија на партискиот лидер и актуелен градоначалник на Тирана Љуљзим Баша, за довербата кон него за прв човек на албанската метропола.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Ковачевски на Берлински процес: Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна за забрзан економски раст и за европеизација на регионот

А1он

Министри од Владата ја бодрат Албанија во Тирана, ги нема на натпреварите на Македонија

Орце Костов

Одобрено е повторно отворање Лекторат по македонски јазик во Тирана

Се засилуваат заложбите повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик во Тирана – нови чекори за иницијативата

ВИДЕО: Една жртва и петмина повредени во престрелка во Тирана