Министри од Владата ја бодрат Албанија во Тирана, ги нема на натпреварите на Македонија

Од:

Кој на стадион во Тирана, кој на плоштад во Тетово или во Скопје, и власт и опозиција од албанскиот блок синоќа ја прослави големата победа на Албанија над Чешка од 3-0 со која националниот тим на нашиот сосед се најде пред пласман на Европското првенство 2024.

Првиот вицепремиер во македонската Влада, Артан Груби го следеше натпреварот на стадионот „Ер Албанија“ заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, пратеникот Арбер Адеми и поранешниот прв човек на ФК Шкупи, Омер Буњаку кој сега е директор на албанскиот клуб Балкани.

На трибините се најдоа и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и Изет Меџити, функционер на ДУИ кој се одметна и формираше нова албанска партија пред два месеци.

Градоначалникот на Тетово пак, Билал Касами од Движењето БЕСА на социјалните мрежи споделуваше видеа од головите на Албанија и од плоштадот каде што граѓаните организирано го следеа фудбалскиот натпревар.

Победата ја честиташе и претседателот на Алијанса за Албанците и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари кој сега е коалициски партнер во владата заедно со СДСМ и ДУИ.

Министри во владата и градоначалници на општините во Македонија кои доаѓаат од албанските партии речиси никогаш не можат да се забележат на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација или на било која национална селекција во кошарка, ракомет или одбојка, но можат да се видат на стадионот во Тирана кога националниот тим на Албанија.

Само чудо ќе ги спречи соседите да играат на ЕП 2024 и затоа вчерашната победа пред 22.000 гледачи беше прославена како голем успех на кој му претходеше и преубава кореографија со карикатура на францускиот крадец Арсен Лупин како го краде трофејот. Под карикатурата стоеше „Погодете кој се враќа“. Веднаш до него беше насликана и Германија, со логото ЕП 2024.

Би можело да ве интересира

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совлад и ДУИ

Молотови коктели на протест во Тирана