Гласачките машини во Бугарија ги чува жандармерија во царински магацин

Од:

Бугарската вицепремиерка и координатор за подготовка на парламентарните избори на 4 април, Маријана Николова изјави за Бугарското национално радио дека машините за гласање ги чува жандармеријата.

Таа потврди дека нема нерегулиран пристап до магацинот каде што се чуваат машините.

– Квалитетот на машините не се одредува според тоа каде се чуваат – во приватен или државен магацин. Безбедноста е гарантирана. Неправилен пристап нема да биде дозволен, не треба да се грижите, истакна Николова.

Вицепремиерката објасни дека „предвидено е приходите на членовите на комисиите да се зголемат за 50 отсто“.

Николова изјави дека за спроведување на парламентарните избори во Бугарија е наменета сума од 65.251.000 лева (32.600.000 евра) која вклучува и дополнителни надоместоци. Таа додаде дека трошоците предвидени во буџетот на Централната изборна комисија за организациско-техничката подготовка на изборите изнесуваат 8.000.050 лева (4.000.025 евра) и тие се обезбедени.

Бугарската вицепремиерка истакна дека вакцинирањето на членовите на изборните комисија е во тек, за да имаат време да ги примат двете дози на вакцината против Ковид-19 пред гласањето на 4 април.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит