Ѓулер: Бунтовниците од ПКК се уште не се повлекоа од територијата на Турција

Од:

Турската Влада се уште не ја почна втората етапа од преговорите за мирно надминување на курдскиот конфликт, бидејќи сите курдски бунтовници не се повлечени од територијата на Турција, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер.

– Владата не ја почна втората етапа од преговорите, бидејќи не беа исполнети неопходните услови, прецизира Ѓулер. -Проблемот не ја засега само нашата Влада. Тој е долгогодишен проблем, што не само што не е надминат, тукусо времето се продлабочи, нагласи Ѓулер, додавајќи дека сите страни треба да се одмесуваат „одговорно“ за време на мировниот процес.

Курдската Партија за мир и демократија (БДП) тврди дека приближно 80 проценти од бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) веќе се повлекле од Турција во рамки на првата етапа од мировниот процес.

Според БДП веќе треба да се премине кон втората етапа од процесот, во која се очекува турските власти да преземат реформи за заштита на правата на Курдите.

Турските власти на крајот на минатата година почнаа преговори со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан за мирно надминување на курдскиот конфликт, што во последните три децении го однесе животите на над 40.000 лица.

Оџалан, кој издржува казна доживотен затвор, во март ги повика бунтовниците да го прекинат огнот. По ова, во мај припадниците на ПКК започнаа да се повлекуваат од турска територија кон нивните бази во Северен Ирак.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски