Ѓукановиќ: Санкциите кон Русија не се вистинскиот пат

Од:

Санкциите што и се воведени на Русија заради кризата во Украина не се вистинскиот пат, оцени денеска црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и истакна дека и покрај традиционалното пријателство со Русија, Црна Гора има право самостојно да ја креира својата политика.

Иако суверенитетот на секоја држава мора да биде зачуван, смета Ѓукановиќ, санкциите водат само кон тоа економијата на двете страни за „потклекнува“.

– Двете стани мораат да ги преземат сите напори за надминување на проблемите, ги цитира австриската агенција АПА зборовите на премиерот Ѓукановиќ, чија влада се приклучи кон санкциите на Европската унија против Русија.

Потсетувајќи дека Црна Гора до крајот на 2015 година треба да ги исполни задачите за членството во НАТО, австриската агенција додава дека тоа не е по волјата на Русија и потсетува дека рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, ширењето на Алијансата кон западен Балкан го нарече „провокација“.

Црногорскиот весник „Вијести“  пренесува дека руски граѓани инвестирале во црногорската економија и дека тие претставуваат над 30 проценти од странските туристи во земјата.

-И покрај традиционалното пријателство со Русија, Црна Гора има право да ја креира својата политика. Сакаме да продолжиме со овој курс, порача Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски