Ѓерлек: До крајот на годината во српскиот Институт „Торлак“ ќе се произведува вакцината „Спутник V“

Од:

Државниот секретар во српското министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, изјави дека е реално до крајот на годината да почне производството на вакцината на руски „Спутник V“ во Србија во Институтот „Торлак“ во Белград.

-Производството на вакцината ќе се одвива во две фази – полнење и пакување на вакцината, изјави Ѓерлек за ТВ Прва, додавајќи дека за почеток смесата ќе пристига од Русија, а ќе се пакува во Србија, за подоцна Торлак самиот да ја произведува вакцината.

Ѓерлек напомена дека Србија веќе има една машина, која Министерството за здравство ја купила во 2016 година и дека треба да се набави втората машина потребна за произведување на вакцината.

-Многу е тешко да се набави вакцината на светскиот пазар, така што инвестицијата во вакцините е најзначајната инвестиција во 2021 година, кажа Ѓерлек.

Тој објасни дека многу повеќе детали ќе бидат познати во сабота, по разговорите со руската делегација, кои ќе започнат утре, додавајќи дека втората фаза, фазата на производство, вклучува нов погон за производство на вакцината и дека очекува голема помош од Русија.

Кога станува збор за количините што Торлак би ги произведувал, тој кажа дека тие ќе бидат повеќе отколку што и е потребно на Србија и дека вакцината ќе се извезува, со што Србија ќе биде првата земја надвор од Русија што ќе произведува руска вакцина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“