Ги удираа и со раце и со нозе: снимка од уште еден напад на Срби во Вуковар

Од:

Четворица млади Срби беа нападнати доцна вечерта на 26 август, околу 23 часот во Вуковар. На видео-снимката која ја објави хрватскиот портал Новости се гледа како неколку лица влегуваат во автомобил, се чини дека се најмалку четворица, а недалеку од нив се наоѓа поголема група на млади луѓе.

Додека лицата влегуваат во возилото, поголемата група им се проближува, го опкружува автомобилот и ги отвораат задната и предната врата и ги удираат со раце и нозе, тие што се внатре.

Иако возачот веќе го стартуваше автомобилот, еден од напаѓачите и понатаму удира некој на задното седиште, се додека возилото не успева да се оддалечи доволно.

Претседателот на СДСС, Милорад Пуповац на прес-конференција рече дека инцидентот е последен во низата континуирани и организирани напади на граѓани од српска националност.

Ова е трет напад за три дена во Вуковар, истакна Пуповац за новинарите.

Полициската управа на Вуковар извести за последниот напад, но не го наведе нити мотивот, ниту националноста на учесниците. Подоцна тие информираа дека истрагата е во тек и дека се приведени две лица.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија