Германскиот претседател во посета на Турција

Од:

Германскиот претседател Јоаким Гаук пристигна во Турција доцна синоќа на четиридневна посета на земјата, во рамки на која ќе се сретне со германските војници пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Тристотини германски војници се наоѓаат во јужниот округ Кахраманмараш, кои работат на одржување на два ракетни системи Патриот, кои таму беа распоредени во јануари минатата година.

Германија, Холандија и САД доставија ракети од типот земја-воздух, кои Турција ги побара по сериозните инциденти со транграничните престрелки од Сирија во 2012 година, вклучувајќи го и нападот во кој загинаа петмина цивили.

Гаук утре ќе се сретне со турскиот претседател Абдула Ѓул и со премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица