Германската влада донираше „мерцедеси спринтер“ за албанската полиција

Од:

Германската Влада донираше седум возила „мерцедес бенз спринтер“ во вредност од 327.000 евра за албанската полиција

Генералнот директор на албанската полицијата Арди Велиу на предавањето на донацијата меѓу другото рече дека „обновувањето на полициската флота дополнително ги подобрува перформансите на полициските структури“.

„Денешната донација се додава на возилата и другите донации добиени од германското сојузно Министерство за внатрешни работи низ годините. Честото обновување на полициската флота, со нови и висококвалитетни возила, дополнително ги подобрува перформансите на полициските структури и во исто време работните услови и услугите на полициските службеници, во случајов оние од единицата за брзи интервенци, на кои ја користам ова прилика да им честитам на нивната работа и посветеноста на дадените задачи“, рече Велиу.

Германскиот амбасадор во Тирана, Питер Зинграф, во својот говор истакна дека со овие возила сега ќе може побрзо да се стигне на местото на настанот.

„Со овие возила сега можете да одговорите на модерен начин на различни ситуации. Сакаме да направиме уште еден чекор напред, ќе испратиме обучувачи од германската полиција. Ние сме подготвени да го споделиме нашето искуство и да ве поддржуваме понатаму“, рече Зинграф.

„Германија е присутна во Албанија и останува партнер во безбедносните прашања“, додаде германскиот амбасадор.

Би можело да ве интересира

Мozzart продолжува да ги опремува институциите: Донација за ЈЗУ Св.Еразмо Охрид

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар