Германска министерка: Без взаемно признавање на Србија и Косово нема членство во ЕУ

Од:

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, истакна дека ставот на германската влада е дека меѓусебното признавање на Србија и Косово е неопходно и дека без тоа нема членство во ЕУ и апелираше до Србите на Косово да ги пререгистрираат своите возила со косовски регистарски таблички.

На заедничката прес-конференција со министерката за надворешни работи на привремената влада во Приштина, Доника Гервала-Шварц, Бербок посочи дека целта на Германија е да го стави Западен Балкан во фокусот на ЕУ.

Во таа насока, таа истакна дека е важно „Косово и сите негови соседни земји да се развиваат во мир и на европски начин“.

„Напредокот во дијалогот за нормализација на односите е клучен, бидејќи тие решаваат практични прашања кои имаат влијание врз животот на граѓаните, а тоа е неопходно на патот кон ЕУ“, нагласи Бербок.

„Има многу што можеме да поддржиме во тој процес. Едно специфично прашање се регистарските таблички. Јасно е дека 9.000 српски регистарски таблички се уште се во Косово, што го поткопува суверенитетот на Косово“, рече таа.

Бербок рече дека е важно што властите во Приштина им кажале на сите кои се уште не ги смениле регистарските таблички дека тоа е можно да го направат без дополнителни трошоци.

Истовремено, таа апелираше до сите Срби во Косово да ги сменат регистарските таблички, нагласувајќи дека Германија го поддржува тој процес.

Таа објави дека на Србија и било кажано дека овапрашање за граѓаните мора да се реши и дека договореното мора да се спроведе, бидејќи придонесува за доверба.

Таа додаде дека е неопходно да се реши прашањето за струјата на северот на Косово и додаде дека Берлин му дал наредба на европратеникот Мирослав Лајчак да се посвети на ова прашање во овој период на енергетска криза.

Бербок посочи дека на крајот од процесот на нормализација на односите мора да има взаемно признавање на Србија и Косово, бидејќи тоа е предуслов за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“