Герџиков и Митева официјално претставени како независни кандидати за претседателските избори во Бугарија

Од:

Во Националната палата за култура во Софија, Иницијативниот комитет на свечена церемонија официјално ја претстави претседателската кандидатска двојка професорот Анастас Герџиков и полковникот Невјана Митева.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Иницијативниот комитет вклучува 70 лица, меѓу кои осум ректори на универзитети во Бугарија, градоначалниците на Софија, Бургас и Велико Трново, двајца поранешни министри за образование, познати изведувачи и интелектуалци.

Во својот говор, професорот Герџиков рече дека неговата цел е да се врати нормалноста во политиката. „Јас не сум политичар, туку Бугарин кој е подготвен да ја плати цената и да ја преземе одговорноста за обединувањето“, рече Герџиков, додавајќи дека затоа не е кандидат на партија или член на партија и очекува поддршка од сите бугарски граѓани.

Според него, Бугарија очигледно е во политичка криза со три избори годишно, „што е лошо за земјата“. „Ние треба да се спротивставиме на ова со обединување и мирна дебата за главните теми“, додаде Герџиков.

Тој посочи дека разговарал со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во функција на ректор на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“.

Герџиков појасни дека тој не ја избрал Невјана Митева затоа што таа има воен чин, туку затоа што е мајка и се борела за обесправените.

– Слоганот на оваа двојка ќе биде „Навистина обединети“ бидејќи само обединети има смисла, истакна Герџиков.

Полковник Митева, која е кандидат за потпретседател на Бугарија, е поранешен претседател на Здружението на жени војници и актуелен потпретседател на организацијата. Таа беше координатор за еднаквост и претседател на Комитетот за еднаквост на НАТО од 2015 до 2017 година. Исто така, беше службеник за односи со јавноста во воздухопловните сили. Се приклучи на бугарската армија во 1989 година, откако учествуваше на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит