Генерал Хулуси Акар нов началник на Генералштаб на турската армија

Од:

Поранешниот командант на копнените сили на Турција, генерал Хулуси Акар е именуван за нов началник на Генералштабот на турските вооружени сили, изјави Ибрахим Калан, портпарол на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Акар ја презеде функцијата од досегашниот генерал Неџдет Јозел, кој замина во пензија. Одлуката за именувањето е донесена денеска на завршното тридневно годишно заседание на Високиот воен совет.

За командант на копнените сили е назначен Салих Зеки Чолак, поранешен командант на Првата армија. Командант на воено воздухопловните сили стана генералот Абидин Јунал, а жандармеријата ќе ја предводи генерал Гелип Менди, кој досега командуваше со Егејската армија.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски