Генерал Бридлав идната недела во посета на Турција

Од:

Врховниот командант на НАТО во Европа американскиот генерал Филип Бридлав на 12 мај ќе ја посети Турција. Во округот Каршехир ќе посети центар каде ќе почне обуката и вооружувањето на умерената сириска опозиција, објавија турски медиуми.

Бридлав ќе учествува и на средба на министрите за надворешни работи на држави од НАТО во Анталија закажана на 13 и 14 мај.

Во програмата за обука се околу 300 сириски бунтовници кои се во првата група, подоцна ќе има и втора група од исто толку борци. Вкупно 2.000 сириски бунтовници ќе минат низ обука во Турција до 2016 година.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година