Гаук побара забрзување на процесот на евроинтеграција на Западен Балкан

Од:

Земјите од Западен Балкан не треба да бидат игнорирани, туку треба да се забрза процесот на помирување и вклучување во ЕУ и НАТО на државите од регионот кои тоа го сакаат, изјави претседателот на Германија Јоаким Гаук, на крајот на неговата дводневна официјална посета на Словенија.

Тој истакна дека европската интеграција на Југоисточна Европа во ЕУ има стратешка важност за зачувување на мирот и безбедноста, како и за ограничување на евентуалните геополитички аспирации на Русија во регионот.

Како што јави Хина, Гаук нагласи дека пред Србија е одлуката дали ќе се реши за Брисел и Москва, додавајќи дека за анексијата на Крим кон Русија виновна е недоволно јасната и конзистентна политика на ЕУ кон Украина.

Словенечкиот претседател Пахор од своја страна рече дека Словенија добро ја разбира својата одгооврност за стабилизација на состојбата во Југоисточна Европа и во таа смисла е подготвена, колку што е можно, да соработува со ЕУ.

Престојот на Гаук на Словенија е прва посета на еден германски претседател на Словенија по цели 12 години.

На средбите на Гаук со Пахор, премиерот Миро Церар, како и со другите највисоки словенечки официјални претставници, односите меѓу двете држави беа оценети како одлични.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег