„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

Од:

Резултатите од излезната анкета на Галуп Интернешнл, покажуваат дека партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов освоила 26,7% од резултатите на денешните избори во Бугарија, коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ (ПП/ДБ) на Кирил Петков и Христо Иванов има 15,5 отсто од гласовите додека Движењето за права и слободи (ДПС), предводено од Делјан Пеевски има 15,1%. Според Галуп Интернешнл, „Преродба“ освоила 14,7%, БСП – 9,8%, а „Има таков народ“ – 6,4%.

Сепак, ова се само прогнози, со оглед на тоа што избирачките места се затвораат во 20 часот, а првичните резултати ќе се знаат по полноќ.

До денешните избори дојде поради колапсот на владејачката коалиција во март, која се состоеше од централно-десничарската партија ГЕРБ на експремиерот Бојко Борисов и реформистичката партија Продолжуваме со промените (ПП) предводена од уште еден поранешен премиер, Кирил Петков.

Бугарите денеска паралелно гласаат и за свои претставници во Европскиот парламент.

Според последните податоци на Централната изборна комисја, излезеноста до 16 часот била 20,44% за Националното собрание и 20,89% за Европскиот парламент.

Право на глас на изборите за Националното собрание имаат 6.593.275 гласачи, а за пратеници во Европскиот парламент 6.138.050.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Бугарија

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски