Г6 како СФРЈ: Иницијатива за формирање парламентарно собрание на Западен Балкан

Од:

Лидерите на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, кон крајот на месецов, на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН, би требало да разговараат за формирање парламентарно собрание на Западен Балкан, пренесе „Слободна Европа“.

Иницијативата е на министерот за надворешни работи на Црна Гора, Игор Лукшиќ, а на државите на кои таа се однесува веќе им е упатен т.н. „нон пејпер“, документ за конструкција на Г6.

Државниот секретар за политички прашања на црногорското министерство за внатрешни работи, Владимир Радуловиќ вели дека на тој начин би се унапредила парламентарната соработка, како и регионалната борба против организираниот криминал и корупцијата.

– Дали ќе се договорат за некој вид балканска полиција, парламентарна соработка и друго, останува на државите членки, како и да се пронајде консензус за најоптималните форми на соработка – изјави Радуловиќ.

Претседателот на собранискиот одбор за европска интеграција Славен Радуновиќ од опозицискиот„ Демократски фронт“ вели дека „сето ова му мириса на Југославија“.

– Видлива е сличноста со нашата поранешна држава Југославија, само што во овој случај Словенија и Хрватска ги заменивме со Албанија и Косово. Сето ова ми делува на бледа копија на онаа Југославија, со оценка дека секако не се работи за така цврста заедница, рече Радуновиќ.

Дијана Вукомановиќ: Идејата е добра, но за иднина

Членката на Одборот за евроинтеграција од СПС вели дека идеите за такви интеграции се добри за некоја подалечна иднина.

– Изјавата на Лукшиќ не е ништо ново, затоа што ние неодамна пласиравме слична за основање на т.н. паналбански Бенелукс. Па дури и премиерот Дачиќ зборуваше за некој вид балкански нордиски совет.

– Но треба да нагласиме дека, неодамна имавме болно искуство од меѓусебни судири, тензии, конфликти, и сето тоа во јавноста би се толкувало како создавање на некоја нова Југославија а со самото тоа би било осудено на пропаст. Значи таа идеја е добра но само за иднина – заклучи Вукомановиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски