Фронтекс се вклучува со помош во справувањето со мигрантите во Грција

Од:

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс објави на својата веб-страница дека се согласила да и помогне на Грција да се справи со големиот број мигранти на надворешните граници на ЕУ.

Фронтекс потврди дека грчката Влада синоќа поднела официјално барање за брза интервенција на границата на нејзината морска граница во Егејското Море.

Во соопштението се појаснува дека брза надворешна интервенција претставува обезбедување итна помош на земја-членка на ЕУ, која е подложена на екстремен притисок на надворешните граници, особено поврзано со голем број на државјани што не се членки на ЕУ, кои се обидуваат илегално да влезат на нивната територија.

– Со оглед на брзиот развој на ситуацијата на надворешните граници со Турција, моја одлука е да се преземам брза гранична интервенција, што беше побарано од Грција. Ова е дел од мандатот на Фронтекс, давање помош на земја-членка во итна ситуација, рече извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Леџери.

Во соопштението се посочува дека Фронтекс веќе го зајакнал капацитетот на грчката граница и пренасочува таму кадар од други операции за да обезбеди итна помош на Грција.

Откако ќе се усогласи акциониот план со Грција, Фронтекс ќе побара од земјите-членки на ЕУ и Шенген зоната во рок од пет дена да обезбедат граничари и друг потребен персонал од заедничкиот фонд за одговор при итни случаи, како и потребна опрема во рок од 10 дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он