Фрлени јајца врз автомобилот на Сали Бериша

Од:

Врз автомобилот во кој во петок во Рим се возел албанскиот премиер Сали Бериша било фрлано со јајца од стана на приврзаници на лбанската партија „Црно-црвена алијанса”, информира албанскиот весник „Тема и”, во електронското издание.

Првично група Албанци со знамиња ракоплескале, а премиерот мислел дека тоа се негови приврзаници. Но во еден момент врз автомобилот почнале да се фрлаат јајца, по што возилото на Бериша со голема брзина се оддалечило од местото на инцидентот.

Албанскиот премиер се наоѓа во Рим, каде присуствува на самитот на партиите на десниот центар на Европа.

Албанските медиуми јавија дека на маргините на самитот во Рим, Бериша ќе се сретне и со грчкиот премиер Антонис Самарас, со кој ќе раговара за територијалните води меѓу Албанија и Грција.

Дел од медиумите и опозицијата сметат дека владата на Бериша тајно преговара со Атина за нови територијални поделби на морето.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент