Во екстремно тешки услови хрватскиот тим не се откажува и продолжува да помага, ова беше објавено во петокот вечерта на официјалната Фејсбук страница на Управата за цивилна заштита на Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска заедно со фотографии од разурнатата Турција.
Потрагата по преживеани продолжува, а во неа учествуваат и кучиња од Хрватска. А токму фотографијата на хрватските седум неверојатно храбри четириножни пријатели најмногу ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.
-Кратка пауза за нашиот тим – беше напишано на Фејсбук.