ФОТО: Тајната на бункерот на Тито

Од:

Најголемата државна тајна на екс Југославија беше чувана со децении. Тајниот објект на планината Златар која се наоѓа во близина на Коњиц во случај на нуклеарен удар, можел да прими 350 луѓе од највисокиот воен и политички врв и тие можеле да останат таму цели шест месеци без никаков контакт со надворешниот свет.

Атомскиот бинкер е изграден пред 33 години, и наречен е Д-0 АРК, како главно командно место на бившата Југославенска народна армија. За ово, освен работниците кои биле внимателно избирани и кои морале да потпишат договор за тајност , знаеле само четири команданти по службена должност.

Кога се набљудува објектот од надвор, се гледаат само три обични куќи опкружени со природа. Меѓутоа, овие куќи повеќе од 50 години го криеја најголемиот воен објект , кој бил трет по важност во екс Југославија. Прв бил подземниот аеродром Жељава кај Бихаќ, а втор военото пристаниште кај Сплит. Изградбата на објектот траела 26 години, (1953-1979) а чинела 4,6 милијарди долари.
Бункерот имал кабловска и операциона сала

Бункерот покрива вкупно 6.854 квадратни метри, има повеќе од 100 соби за спиење со удобни лежаи, две големи конференциски сали, пет оперативни центри со директни телефонски линии и со кабелска телевизија, две кујни, пет големи тоалети и болница со операциона сала.
Внатре во објектот се наоѓаат и поголем број простории со вкупно 21 систем за оддржување. Во нив се наоѓаат две цистерни со 50 тони нафта, два вида клими, базен со 170 кубици вода, и техничка вода од природен бункер кој се наоѓа во планината.

Резиденцијата на Тито

Титовата резиденција во овој објект елитно е опремена. Се сосоти од пет простории: собата за секретарка и гости води во Титовата канцеларија која е поврзана со спалната соба, а од неа се влегува во собата на првата дама на бивша Југославија Јованка Броз, додека последната соба е за одмор.

Од објектот постои и излез во случај на опасност внатре, кој не е вцртан на ниедна мапа. Тој води на ридот што се наоѓа над објектот на висина од 170 метри.

За објектот денеска се грижат пет војници, а му припаѓа на Министерството за одбрана на БиХ.

Би можело да ве интересира

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска