ФОТО: Лажни слики од немирите во Турција кружат на интернет

Од:

Во последните денови се појавуваат некои впечатливи фотографии и видео записи за кои се тврди дека се направени за време на демнострациите во Турција, објавува „Ал Џезеира – Балкан”.

Но, со анализа може да се утврди дека станува збор за фотомонтажи или за фотографии од други постари настани, претставени како сегашните протести во Турција.

Меѓу првите се појави сликата на мостот преку Босфор и се тврдеше дека 40.000 лица го преминуваат мостот за да се придружат на протестите на Таксим е всушност фтографија на која се учесниците на големиот маратон што се организира во Истанбул секоја година, а токму оваа е снимена во 2012-та година.

fot2

fot3

Фотографијата на полицаец со пендрек, кој трча по мало дете кое го држи турското знаме во рака, всушност е од 2010 година, и тоа од Белорусија за време на протести на тамошната опозиција.

Во текстот за нападите во Белорусија, објавен во 2012 година се појавува следнава, оргинална фотографија.

fot4

Уште една фотографија што е објавена како приказ дека демонстрантите се упатиле кон зградата на турскиот Парламент во Анкара. Оваа фотографија на агенцијата „ЕПА” настанала во текот на протестите на Курдите во Стразбур.

fot6

Девојче во чад од солзавците, со подигнати прсти во знак на победа, се обајвува како симболична фотографија на протестите во Турција. Но, фотографијата е направена во 2010 година во Дијарбакир.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски