(ФОТО) Исповед на лекарот на Тито: Јас ги исклучив апаратите

Од:

Oсумдесет и седумгодишниот Предраг Лалевиќ, хирург и анестезиолог кој со претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито бил на 106 патувања во странство, раскажа за последните четири месеци од животот на маршалот во болницата во Љубљана.

Лалевиќ бил дел од конзилиумот, кој четири месеци се борел за животот на некогашниот претседател на СФРЈ, но на крајот тој ги исклучил апаратите кои Тито го одржувале во живот.

doktorTito

Сите знаеле дека Броз, освен труењето со храна во Египет 1964 година и проблемот со воспалението на белите дробови, една година подоцна во Бугарија, имал добро здравје. Фактот дека претседателот на СФРЈ, боледува од шеќерна болест бил сокриен од јавноста.

Сепак здравствените проблеми кои ги почувствувал во 1979 година не го спречиле да ги посети Кувајт, Ирак, Сирија, Јордан, СССР, Алжир, Либија, Малта, Куба и Романија.

-Најмногу страдаше од ревматски болки во нозете, поради кои додека одеше се потпираше на бастун. На дочекот на Новата 1980 година во военото ловиште во Караѓорѓева, стана очигледно дека движењето му е многу болно, поради што одлучивме Тито веднаш да замине во Клиничкиот центар во Љубљана-раскажува Лалевиќ и додава дека пред смртта Тито пеел на руски јазик и ги сонувал Кинези.

doktorTito1

-Во претпладневните часови беше приклучен на апаратот за хемодијализа. Меѓутоа по извесно време крвниот притисок нагло започна да опаѓа и мораш да биде прекината хемодијализата. Сите членови на конзилиумот, дежурните лекари но и најдобрите и најстручни медицински сестри, кои го негуваа претседателот се собраа околу неговиот кревет. Тито полека „се гасеше“- вели лекарот на Тито.

Како што додава иако респираторот нормално работел, на ЕКГ-то се забележувале промени, кои ја најавувале смртта.

doktorTito2

-Во 15:05 часот на ЕКГ-то се покажа права линија. Срцето на Тито престана на работи. Во потполна тишина покрај неговиот кревет стоевме уште 15 минути, а потоа го погледнав професорот Богдан Брецељ, највозрасниот во конзилиумот, покажувајќи му ги апаратите кои и понатаму со звучни сигнали покажуваа дека работат, на што тој ми даде знак со главата. Тоа беше знакот дека може да ги исклучам. Го исклучив респираторот, ЕКГ мониторот, пејсмејкерот и електронската пумпа за вбризгување лекови во вена. Потоа ја напуштивме собата-се сеќава овој осумдесет годишник, кому му биле потребни шест месеци да се опорави по смртта на Тито.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска