Ана Паниќ, кустос во Музејот на југословенската историја, открива дека доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, на новогодишните прослави главно бил опуштен и онаков каков што граѓаните не можеле да го видат во тек на годината.
Таа открива колку се посветувало внимание за тоа како Тито ќе ја пречека Новата година, како и за тоа каква ќе биде новогодишната гардероба на тогашната прва дама Јованка Броз, пишува српски „Телеграф“.
Постојат податоци кои сведочат дека во годините по 1945 години на 1-ви јануари маршалот одел на ловиштето Беље во Хрватска и дека од 1048-49 година започнувава кампања Новата година да се воведе како државен и општонароден празник, кој ќе ги обедини сите припадници на тогашна Југославија.
И антифашистичкиот фронт на жените ја прифатил кампањата за Нова година и од 1950 година, започнуваат официјалните прослави по тој повод. Популаризацијата на овој празник исто така ја потпомогнала и појавата на телевизијата.
– Во годините кога не постоеше телевизија, Тито за Новата година најчесто бил во странство на „патот за мир“ во Индонезија, Индија, Египет. Со појава на телевизијата Тито започнува да ги прославува Новите години во Југославија и затоа внимателно се одлучувало каде ќе се одвива прославата, бидејќи било важно да не биде на исто место, туку да се менуваат републиките- вели Паниќ и додава дека по големите свечености маршалот обично ги посетувал работниците во фабриките, а медиумите внимателно го следеле, а тој ја користел можноста камерите да го забележат меѓу народот.
Јосип Броз во тек на новогодишните вечери бил доста опуштен, па обичниот народ можел да го види како игра валцер, наздравува со гости, се весели со различни музички жанрови и тамбураши.
Како што вели Паниќ за „Телеграф“, Оливера Катарина била една од тогашните ѕвезди кои најчесто ги забавувале гостите на Титовите прослави на најлудата ноќ во годината. Меѓу нив биле Лео Мартин, Ѓорѓе Марјановиќ, Уснија Рецепова, Тереза Кесовија, Звонко Богдан, Арсен Дедиќ, Габи Новак и други.
-Од една страна Титовите прослави биле гламурозни, а друга свртени кон народот, бидејќи тој се обидувал граѓаните да видат дека е еден од нив – раскажува Паниќ и додава дека тој како подароци за новогодишните празници добивал ситни подароци, како крањски колбаси, пакети вино и сирење, а такви подароци испраќал и тој.
Секако многу било важна и гардеробата на Јованка, која знаела да ја промени тоалетата и неколку пати во тек на новогодишната ноќ, а Тито секогаш имал некои чудни шапки во облик на риба и слично, кои во тоа време биле доста популарни.
За прославите во странство имало посебни правила за облекување сходно на дипломатскиот протокол на таа држава, па така Јосип Броз во Египет носел бел костум. На тие прослави бил доста опуштен и единствено врвките и шапките кои што ги носел биле екстравагантни.
Јованка ги носела своите добро познати комплети и фустани, кои најчесто сама ги бирала или со помош на своите креаторки, а понекогаш и сама додавала детали кога сметала дека недостасуваат, поради што на некој начин таа ја диктирала модата во тоа време.
Е. Г.