ФОТО: Авион на „Кроација ерлајнс“ слета на нос на аеродромот во Цирих

Од:

Авион на хрватската авиокомпанија „Кроација ерлајнс“, со 60 патници и четворица членови на екипажот, на аеродромот во Цирих слета на „нос“ заради технички проблеми. Притоа никој не е повреден.

Инцидентот се случи синоќа по 20 часот, јавија хрватските медиуми.

coratia-airplane14

Портпаролот на „Кроација ерлајнс“, Ксенија Жлоф за хрватскиот портал индех.хр, изјави дека екипажот на авионот професионално реагирал и ја следел пропишаната процедура.

Пилотите пред слетувањето пријавиле дека имаат проблеми со предниот стоен трап. Околу 40 минути кружеле над аеродромот, а потоа „слетеле на нос“.

coratia-airplane15

Стануза збор за прв инцидент од овој вид на авион на „Кроација ерлајнс“ од формирањето на компанијата во 1991 година.

coratia-airplane12

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски