„Форин полиси“: Дали на Балканот на повидок е нова војна?

Од:

Политичката криза во Босна и Херцеговина моментално не е во фокусот на вниманието на меѓународната заедница, поради неколку глобални проблеми како руските воздушни напади во Сирија и бегалската криза, која во голем дел го зафаќа и Балканот, пишува „Форин полиси“.

Списанието потсетува дека за помалку од еден месец, односно на 21 ноември ќе бидат одбележани 20 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој беше ставен крај на војната во БиХ и беше втемелено државното уредување на земјата.

Во текстот се наведува дека со години БиХ покажувала неефикасност во својата политика на која најмногу влијае сепаратистичкото однесување на политичкото раководство на помалиот ентитет, Република Српска.

Причината за загриженост во врска со политичката криза во БиХ странските аналитичари ја гледаат во најавениот референдум за Судот и Обвинителството, кој претседателот на РС Милорад Додик веќе го најави, а Собрание на РС го поддржа.

На референдумот би се поставило прашањето: „Дали го поддржувате неуставното и неовластеното наметнување на закони од страна на високиот претставник во БиХ, а посебно наметантите законите за Судот и Обвинителството и нивната имплементација на подрачјето на РС?“.

Во текстот се нагласува дека многумина сметаат оти одржувањето на тој референдум би го поништил досегашниот напредок на БиХ и дека на Додик, како претседател на РС би му била отворена вратата за евентуален пат за прогласување независност на РС.

Додик претходно најави дека во 2018 година би можел да се одржи референдум за независност.

– Важно е да се нагласи дека Русија ги поддржува сите одлуки и намери кои се преземени со цел организирање на референдумот, а тоа го потврди и рускиот амбасадор во БиХ, Петр Иванцов, кој истакна дека одржувањето на референдумот е внатрешна работа на БиХ, пишва „Форин полиси“.

Освен тоа Русија во јули стави вето на одлуката на Советот за безбедност на ОН за усвојување на резолуција за Сребреница.

– Сега се поставува прашањето дали Русија воопшто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ, нагласува списанието.

Во написот се вели дека голем број меѓународни функционери во БиХ изразиле загриженост од најавите за одржување на референдумот во РС за Судот и Обвинителството.

Седум од осум амбасадори во БиХ, кои го сочинуваат Управниот одбор за имплементација на мирот нагласија дека одржувањето на референдумот е кршење на Дејтонскиот договор. Тоа го истакна и високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко во извештајот до Советот за безбедност на ОН.

„Форин полиси“ предупредува дека поради целата оваа ситуација САД мораат да преземат поголеми ангажмани за да го спречат дестабилизирањето на Балканот, со посебен акцент на улогата на Русија.

– Западот мора да пронајде нов начин за да се осуетат плановите на Додик, а еден од чекорите е именување на посебен пратеник за регионот, нагласува списанието.

Според „Форин полиси“ Западот освен тоа треба да користи финансиски, административни и кривични санкции против босанските политичари, кои ја прекршуваат Дејтонската спогодба, но потребно е и преиспитување на таа спогодба.

– Затоа евентуалното одржување референдум во РС е клучно прашање за безбедноста на Балканот. Евентуалниот судир во БиХ веројатно би се прелил и на регионот, а потоа е прашање што би следело. Во целата приказна клучната улоига е во односите и политиките на САД и Русија“, заклучува „Форин полиси“.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски