Фондацијата Фридрих Еберт состави нацрт статут за ЗСО

Од:

Портпаролот на германската фондација „Фридрих Еберт“ (ФЕС) во Косово, Рене Шле изјави дека организацијата го завршила изготвувањето на статутот за Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО).

Како што пренесе БЕТА, Шле за Радио Косово изјави дека нацрт-статутот е подготвен за дискусија, но не појасни што содржи документот.

Во оваа фаза можам да потврдам дека го завршивме изготвувањето на статутот и во блиска иднина ќе се сретнеме со нашите партнери за да разговараме кога нацртот ќе биде јавно претставен, посочи Шле.

Засега нема коментар од Владата на Косово.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лајчак: Без формирање на Заедница на српски општини нема договор

Ахмети за средбата Вучиќ-Курти во Охрид: Се прават последните чекори кон помирување, ги охрабруваме косовските власти

Курти: Очекувам договор

Курти: Заемното признавање е суштината и централната точка на целосната нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград

Ана Ололовска

Европските лидери ќе ги повикаат Србија и Косово да ја „искористат историската шанса“ што ја нуди планот на ЕУ

Курти по средбата со Лајчак: Го прифаќаме предлогот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина

Ана Ололовска