Фон дер Лајен: БиХ не може кон ЕУ без реформи на изборниот закон

Од:

Реформата на изборниот закон е неопходна за напредокот на Босна и Херцеговина на патот кон Европската унија, изјавија денеска претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен на церемонијата на отворање на мостот кај Свилај, што го пушти во употреба заедно со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и босанскиот премиер Зоран Тегелтија. Тројката денеска заедно ја пресекоа лентата и го отворија мостот што ги поврзува Хрватска и БиХ на граничниот премин Свилај.

-Јасно е дека регионот мора да го изгради најважниот мост од сите – мостот на помирување. Тоа им го должиме на жртвите од минатите конфликти што го распарчија овој прекрасен регион , рече шефицата на ЕК во обраќањето по церемонијата, на последниот ден од нејзината турнеја низ шестте земји од Западен Балкан.

Говорејќи за напредокот на БиХ кон членството во ЕУ, Фон дер Лејен кажа дека за тоа е потребен „итен напредок во изборните и уставните реформи“.

-Да се ​​почитува договореното, а тоа е да се гарантира еднаквост на сите граѓани на БиХ. Тоа е клучнотои за земјата да се придвижи кон Европа, рече Германката на границата меѓу двете земји.

„Бидете сигурни, ние сме подготвени да бидеме со вас на секој чекор, како пријатели и партнери. Но, мора да ни помогнете да ви помогнеме “, додаде претседателчката на ЕК, Урсула фон дер лајен на граничниот премин Свилај, на хрватско-босанската граница.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Ние сме посветени да продолжиме да вршиме притисок врз Кремљ

Горан Наумовски

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Урсула Фон дер Лајен: Колапсот на Украина ќе ги ослаби и САД и Европа

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика