Физички ги напаѓал хомосексуалците со хулиганите: Не можев да прифатам дека и јас сум хомосексуалец

Од:

Филип Роксандиќ кој има 24 години не можел да прифати дека е хомосексуалец, па затоа во 2010 година како хулиган бил заедно со тие што брутално ги нападнаа учесниците на Парадата на гордоста во Белград.

Меѓутоа, шест години подоцна, Филип е деклариран хомосексуалец и промотер на кампањата “Ќе биде подобро“ која со серија спотови ги поддржува младите ЛГБТ личности да се прифатат себе си. Тој објаснува дека се истражувал, па плашејќи се да си признае дека е хомосекусуалец во еден момент преминал на страната на навивачките групи односно хулиганите кои се жестоко против хомосексуалците и одржувањето на Парадата на гордоста.

-Во 2010 година кога се одржа една од најкрвавите Паради на гордоста, бев на другата страна, на страната на тие што се противат на ЛГБТ правата. Не можев да се прифатам самиот, и бегав од тоа. Но сфатив дека ќе ми биде се потешко доколку бегам, сфатив дека треба да застанам, да се соочам и да се прифатам каков што сум, раскажува Филип и истакнува дека откако се прифатил има повеќе самодоверба и чувствува дека се солободил од голем терет.

На младите им порачува да бидат тоа што се и да се прифатат себе си и различностите. Тој упати порака и за навивачките групи.

-Во денешно време секоја љубов се соочува со осуда од општеството, првенствено поради тоа што за некој тоа е неприфатливо. Но секој треба да се бори за она што го сака, било да е тоа љубов кон некој клуб или кон партнерот, вели Роксандиќ за српски Курир.

Кампањата “Ќе биде подобро“ ја реализира иницијативата за демократска транзиција, со поддршка на Канцеларијата за човекови права и малцински права на Владата на Србија. Покрај останатите во кампањата е вклучена и Хелена Вукович, позната како првата трансродна мајорка во Војската на Србија.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија заплени играчки во бои на виножито затоа што „промовирале хомосексуалност“

А1он

Историска одлука на Европскиот суд на правдата: Родителите од ист пол мора да бидат признаени како семејство

А1он

Унгарија го забрани „промовирањето“ на хомосексуалноста, Орбан тврди: мислиме на децата

Жарко Настоски

Француски министер: Јас сум хомосексуалец и немам проблем тоа да го кажам

Жарко Настоски

Во 70 земји е незаконски да се биде хомосексуалец, во седум се казнува со смрт

Ана Ололовска

Германскиот Бундестаг ги легализираше истополовите бракови

Ана Ололовска