Филмско бегство на Албанец од италијански затвор

Од:

Триесет и шест годишнен албански државјанин успеал „на филмски начин“ да побегне од италијанскиот затвор „Паглиарели“ во Палермо.

Според полицијата Валентин Фокај ги пресекол железните шипки од прозорецот на ќелијата и се спуштил на земја со чаршаф.

Бил осуден на доживотен затвор за убиство на свој сонародник, како и за разбојништа и други тешки кривични дела и во затворот во Палермо беше однесен во март. Ова не е негово прво бегство од затвор.

Претходно во февруари 2013 година успеал да побегне од затворот во Парма, по по еден месец беше уапсен во Милано. Затворот „Паглиарели“ е со капацитет од 1.200 затвореници.

Инаку во италијанските затвори казна издржуваат над 67 илјади лица или 22 илјади повеќе од затворските капацитети, а од вкупниот број дури 24.401 лице или 36,1 отсто се странски државјани. Затворениците-странци главно се државјани на Мароко, Романија, Тунис, Албанија и Нигерија. Албанските затвореници се на четврто место, односно нив ги има над 2.700 или 11 отсто од странците.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент