Филмска акција по грабеж на банка во Грција

Од:

Грчката полиција повреди едно лице при потерата којa се случи по вооружениот грабеж во банка во Омонија.

Според полициското соопштение, денеска вработен во банка го активирал копчето за грабеж во тек.

Полицаецот кој не бил на должност, заедно со управителот за обезбедување на банката, пеш го следеле разбојникот, кој ги зел парите и излегол од банката, за што полицискиот службеник го известил Центарот за итна акција.

Како што се наведува во соопштението, веднаш пристигнало засилување.

Насилникот, кај кого биле пронајдени пари, со остар предмет се обидел да повреди двајца полицајци, од кои едниот во самоодбрана употребил службено оружје, при што бил ранет разбојникот на банката.

Во тој момент низ улицата минувала приватна амбуланта која полицијата ја запрела за да го пренесе ранетиот разбојник во болница.

Би можело да ве интересира

Грците го прекинаа транспортот на руска нафта

Катерина Ѓуровски

Среде бел ден со пиштоли ограбена менувачница во Тафталиџе

Анита Петровска Рајковиќ

Земјотрес ја стресе Грција

Скопјанец со пиштол се обидел да ограби банка во Аеродром

Се шири страв од конфликтот: Грчката армија во состојба на готовност

Предраг Петровиќ

Србите шокирани од пораката на мечот во Атина: „Косово е Албанија“